Порано келнери и чистачи, а сега владеат светот


Не сите луѓе се родени со “златна лажица”. Многумина од познатите моќници поминале низ доста трнлив пат до славата. Потеклото од семејства од средната класа сигурно ги поттикнало да бараат предизвик за нешто поголемо. Скалило по скалило, државниците кои сега го водат светот порано работеле како келнери, работници во прехранбена продавница.
Да видиме што било потребно да направат Барак Обама, Ангела Меркел, Силвио Берлускони за да дојдат до местото каде што се сега.

mlad obama1Продавач на сладолед

Првиот човек на најмоќната светска сила САД, претседателот Барак Обама знае како е да се работи “за мали пари”. Тој немал многу среќа во пронаоѓањето на работа во младоста, па така на дури четири работни места работел за минималец. Тој полнел сладолед за позната фирма и синџир на слаткарници Баскин-Робинс”, кратко време бил келнер, потоа се бавел со аматерско сликање, а едно лето го поминал чистејќи градилиште додека бил на студии. Обама изјавил дека и неговите ќерки во текот на школувањето ќе работат хонорарни работи.
-Секое дете мора да почувствува како е да работи некоја напорна работа за мала плата. Тоа е живот, рекол претседателот на САД.

merkel

Келнерка

Најмоќната жена во светот, германската канцеларка Ангела Меркел некогаш носела послужавник и во блокче ги забележувала порачките. Како студентка по физика во Лајпцинг, Меркел работела како келнерка во дискотека за џепарлак. Поради тоа што отсекогаш била политички амбициозна, во младоста се приклучила на младинската организација Слободна германска младина” но, како што таа вели, главно работела на културни приредби и продажба на карти за театар. Со политика почнала да се занимава во 35-тата година, брзо по падот на Берлинскиот ѕид. Влегла во здружението за граѓански права кое подоцна и се придружило на конзервативната партија на канцеларот Хелмут Кол.

berluskoni
Басист

Контроверзниот поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони завршил студии на Универзитетот во Милано, а во текот на студирањето основал бенд со сегашниот директор на корпорацијата Медиасет” и аматерски пијанист Феделом Конфалонијери. Берлускони во бендот свирел бас гитара и бил главен вокал, а бендот повремено настапувал на крузери. Неговата работна кариера започнала во градежништвото кога во доцните шеесетти години изградил станбен блок веднаш до Милано, а парите ги вложил во рекламна агенција. Подоцна покренал ТВ-канал, а набрзо станал медиски могул и сопственик на ФК Милан. Во 1993 година сам ја основал партијата Форца Италија”, која го донела на чело на државата.

toni bler

Промотер

Како и поголемиот број тинејџери во шеесеттите години, Тони Блер бил опседнат со рокенролот. Идол му бил Мик Џегер, но младиот Тони сонувал да работи позади сцената како менаџер или промотер. Пред да тргне на студиите за право на Универзитетот во Охсфорд заминал за Лондон, каде првата година ја поминал управувајќи со студентските рок бендови и договарајќи свирки и плочи со својот пријател Алан Коленет. За да состават крај со крај, двајцата пријатели ределе полици со храна во супермаркет во Кесингтон. Во Оксфорд за кратко бил и фронтмен на бендот Непријатни трачеви”.

sarkozi

Чистач

Поранешниот француски претседател Никола Саркози пораснал во многу богато семејство и немал потреба да заработува за преживување. Сепак, во текот на служењето на воениот рок работел како чистач на борбени авиони. Иако татко им ги напуштил додека Никола бил се уште млад, тој успеал по студиите на право да отвори рекламна агенција како би се грижел сам за себе. Тоа му донело богатство, а веќе на 22 години бил политички активен. Неговиот дедо бил Евреин, па поединечни извештаи наведуваат дека Саркози работел и за израелската тајна разузнавачка служба Мосад и тоа многу години пред да стане претседател.

putin mlad
Таксист

Рускиот претседател Владимир Путин бил момче од работничко семејство. Тој не бил многу добар ученик, но од мал сонувал да стане разузнавач и се запишал на Правен факултет. Веднаш по дипломирањето се вработил во Големата куќа на Литејниот проспект 2, односно во КГБ и бил одговорен за Ленинградската област, каде работел од 1975 до 1984 година. Во средината на осуaмдесеттите бил испратен во Источна Германија како мајор, а по враќањето во татковината, западнал во тешка економска состојба. Биографите на Путин истакнуваат дека бил спремен и да вози такси за да ги подмири трошоците за да ги издржува децата и сопругата, но никогаш всушност не седнал зад волан на такси-возило.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1