„Порше“ на суд поради смртта на ѕвездата на „Брзи и бесни“


Вдовицата на Роџер Родас, кој го возеше возилото Порше Карера ГТ, во кој како совозач загина и ѕвездата на „Брзи и бесни“ Пол Вокер, го тужеше германскиот производител, тврдејќи дека за несреќата виновен е дефектот на споменатото возило

pol vokerВо тужбата поднесена во понеделникот до судот во Лос Анџелес, се наведува дека до несреќата дошло поради дефект на системот за движење, поради што задното лево тркало нагло се завртело кон левата страна.

Исто така, во тужбата се наведува дека ова возило би требало да има подобри системи за безбедност, кои треба да спречат смрт кај патниците.

Според тужбата, возилото се движело со 88 километри на час, иако официјалната полициска истрага тврди дека возилото се движело меѓу 128 и 150 километри на час.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1