Во понеделник се раѓаат среќните, а во сабота имуните на зли суштества


Народот одамна верува дека деновите во неделата не се исти, дека некои се среќни, некои несреќни, други добри, а некои лоши.

kalendar.jpg500Во некои денови треба да се одбегнуваат одредени работи, додека во други не е добро да се подигнува ништо „потешко од лажица“. Зошто инаку би се зборувало „црн петок“, „чиста недела“, „луда среда“…

Еве што денот на раѓањето според народното верување зборува за вашиот живот:

Понеделник

Понеделникот е првиот ден во неделата и се смета воедно и за најсреќен. Се верува дека детето кое ќе се роди во понеделник ќе има долг и среќен живот. На овој ден почнува новата недела, па тој е идеален за отпочнување работа на сите видови.

Бог почнал со создавањето на светот во понеделник, па и затоа е добро човекот да започне каков било значаен потфат токму на тој ден.

Вторник

Вториот ден во неделата се смета за најнесреќен, па и луѓето родени тогаш нема да имаат лесен живот. Во вторник, зборува преданието, и волците го чуваат крзното повеќе отколку другите денови.

На овој ден не е добро да се почнува никаква работа, затоа што е несреќен, па и работата ќе оди на лошо и нема да се заврши добро. Во прилог на ова зборуваат и „посебни“ вторници забележани во народниот календар – деветти вторник, кучешки вторник, црн вторник…

Среда

Средата има посебно повеќекратно значење. На овој ден можат да се отпочнат многу работи и да се оди на пат. Се верува дека бебето родено на овој ден ќе биде напредно и здраво. Дете кое заодува во среда ќе биде среќно и богато.

Во некои краеви, овој ден се замислува како светица, паа може да се слушне дека е дојдена „света Среда“, која особено е наклонета кон болните и оние кои страдаат.

Четврток

За четвртокот се зборува дека е среќен ден. Кај народот постои оваа поговорка: „Сите денови се добри, а четвртокот подобар“.

Многу е добро, зборува верувањето, за дете да се роди на овој среќен ден, затоа што и тоа во животот ќе биде среќно и успешно. На овој ден во минатото ги почнувале работите на нивите, а се одело и по запросување на девојка.

Како што во предхирстијанското време четвртокот се славел како ден на плодноста и денеска се верува дека работите во полето, но и склопување на брачна заедница треба да се случи во четврток.

Петок

Петокот според народното верување е еден од несреќните денови. Се зборува: „Во петок секоја работа е нечист почеток“. Освен тоа, се смета дека овој ден е „нечист“ и е погоден да се дојде во допир со „демонските сили“. Затоа се зборува, кога некшто лошо оди во животот, дека му дошло „црниот петок“.

Поради ова во петок не треба да се почнува никаква работа, затоа што ќе го следи несреќа. На овој ден многумина не тргнуваат на пат, затоа што се плашат од несреќа. И дете родено во петок, се верува во нашиот народ, нема да има среќа во животот.

Сабота

Саботата во нашиот народ најчесто е посветена на починатите. Тогаш се оди на гробишта и се палат свеќи. На овој ден човекот треба да биде внимателен за да не му се случи некакво зло.

Дете родено во сабота ќе биде необично, но токму затоа и имуно на „злите суштества“. Се зборува дека, родените на овој ден имаат способност да разговараат со животните. Ќе бидат луѓе со многу фантазија. За ова дете се верува дека е видовито, дека може да види тоа што другите неможат да го видат. На детето родено во сабота „никакво зло не може на ду наштети“, затоа што го заштитува денот на раѓањето.

Во многу верувања се споменува дека токму децата родени во сабота имаат способност да откриваат закопани богатства и да станат богати и успешни луѓе.

Недела

Неделата е ден за одмор. Бог, според христијанското верување, шест дена го создавал светот и потоа на седмиот – во неделата, седнал да се одмори и да ужива во плодовите на својата работа. Поради тоа и во народот постојат многу верувања поврзани за овој ден, а кои се однесуваат на одморот и поминувањето време со семејството.

Неделата старите лица го замислувале како женско битие – Света недела. Човекот роден во недела ќе биде многу среќен, се верува и дека ќе живее „господски“, односно често многу ќе се одмара (секој ден ќе му биде како недела). За среќниот човек се зборува: „Мајката го роди во бела недела“.

Извор: МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1