Овој четврток го носи почетокот на вистинската есен во целосна смисла на зборот. Поголем пад на температурата во однос на среда, врнежи од дожд и умерен, а локално и заслиен северен ветер ќе бидат дал од метео одличјата на денот. Поинтензивен дожд се очекува во текот на раните утрински часови, а веќе до пладне интензитетот на врнежите ќе биде значително намален.
Се очекува да наврнат значителни количини, локално и до 20 литри на метар квадратен. Во текот на утрото во планинските региони на север, особено во Шарско – Корабскиот масив, врнежите ќе бидат од снег. Снег ќе има и во јужните планински краишта, но на поголема надморска висина, така што само планинските врвови во овој крај можат да очекуваат сосема мала снежна покривка.
Во текот на ноќта во Скопје и регионот, метеоалармот најавува портокалова предупредувачка фаза што значи дека времето е опасно по луѓето. Во останатите делови од Македонија предупредувачката фаза е во жолто.
Утрото ќе биде свежо. Минималната температура во поголем дел од земјава ќе има вредност околу 7°С.
Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе биде само малку повисок од минималната температура. Истоит ќе достигне вредност околу 8°С во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне до 10°С, а во југоисточниот регион до 13°С.
Во Скопскиот регион денот ќе биде облачен и ветровит. Позначителен дожд ќе врне во текот на раните утрински часови. Претпладне врнежите ќе бидат ослабнати, додека попладне врнежите генерално ќе престанат. Минималната температура ќе „падне“ до 7°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 9°С.
Press24