Портпаролот на Путин ги повика странските медиуми да бидат објективни


putin2-300x225Секретарот за односи со јавноста на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, ги повика претставниците на странските медиуми објективно да ја проценат ситуацијата во Руската Федерација и да ги напуштат „децениско старите стереотипи“.

„Медиумите на некои земји и понатаму се активни во давањето процени, а многу од нив и понатаму патат од стереотипи кои се стари повеќе децении. А што е најважно, повеќето од нив и не сакаат ништо да дознаат за она што навистина се случува во Русија, туку само објавуваат емотивно обоен материјал врз основа на некакви интернет-извори кои имаат малку врска со реалноста“, изјави Песков.

руска реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1