Посебен сообраќаен режим поради Задушница


Поради верскиот празник Задушница од денеска до недела се очекува зголемен интензитет на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу гробиштата „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.policija soobrakjajna

Најголем интензитет се очекува утре во периодот од 9 до 16 часот на градските гробишта „Бутел“ кога ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот. Приодот кон гробиштата ќе биде од улицата „Александар Урдаревски“, покрај пазарот „Бутел“, лево по локалниот пат за село „Мирковци“, лево по улицата „Боца Иванова“ до паркингот пред гробиштата. Забранет ќе биде приодот од кружниот тек на улицата „Александар Урдаревски“ (кај „Наше дете“), лево преку ул. „Боца Иванова“.

Обратната насока, односно излезот на возилата ќе се одвива од гробиштата, по ул. „Боца Иванова“, десно по ул. „Александар Урдаревски“. Доколку се укаже потреба и во зависност од моменталните состојби, овој режим на сообраќај може да биде воведен и во останатите денови.

Од сообраќајната полиција апелираат учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи и да имаат предвид дека ќе им биде потребно повеќе од вообичаеното време за пристигнување до крајната дестинација. Се апелира возачите да ги почитуваат инструкциите и наредбите што ќе им бидат давани од страна на полициските службеници и да се однесуваат совесно и хумано.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1