Поскап бензин од понеделник? Еве колку се очекува поскапување во Македонија


Се стабилизира цената на нафтата на светските берзи. Американската лесна нафта за испорака во арпил поскапи за 2 центи на берзата во Њујорк и денеска се продава по цена од50,54 долари за барел.

Европската северноморска нафта од типот Брент за априлска испорака на берзата во Лондон се тргува за 60,73 долари што е за 29 центи поевтино во однос на вчерашниот ден.benzin benziska mk3

Што се однесува до крајните потрошувачи, граѓаните, растот на резервите на нафта на светско нив, воопшто и не е лоша вест. Колку е помала побарувачката за овој енергенс, толку пониски ќе бидат и малопродажните цени се додека производителите не решат да го намалат производството.

За Македонија, следната корекција на цените треба да се случи наредниот понеделник. Иако цената на светските берзи е релативно стабилна, сепак во Македонија може да се очекува благо зголемување на малопродажните цени, имајќи предвид дека последната малопродажна цена е формирана кога цената на нафтата на берзата во Лоднон беше околу 58 долари, а денеска е близу 61.

Оттука, поскапување на горивата за 2 до 3 денари не треба да биде никакво изненадување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1