Поскапуваат горивата на полноќ – дизелот со иста цена


Бензините поскапуваат за 1 денар и половина, цената на дизелот останува иста. Регултароната комисија за енергетика ги објавиновите цени по кои бензините ќе се точат од полноќ.

benzin3Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 70 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе се продава за 58,5 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот и тоа за 0,176 денари за килограм и ќе се продава по 41,70 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1