Последен Божик за Вал Килмер: Лекарите му предвидуваа уште неколку недели живот


Пријателите на Вал Килмер, кој на 31 декември треба да наполни 57 години, тврдат дека познатиот актер е тешко болен и дека за него ова би можело да биде последен Божик, објави „Радар Онлајн“.val-kilmer-640x368

Иако, Килмер ги негираше тврдењата на колегата и пријател Мајкл Даглас дека боледува од рак на грлото, неговите блиски велат дека здравствената состојба на актерот е речиси безнадежна.

– Тој се обидува сите да не увери дека е добро, но нам ни е јасно дека не е така. Состојбата многу се влошува, тврди неименува извор за „Радар Онлајн“.

Додека Килмер се обидува да ја сокрие својата состојба од јавноста, неговата мајка изјави дека наместо со медицина, тој ќе се лекува молитва.

Актерот беше фотографиран на 9 декември на снимањето на неговиот нов филм „Citizen Twain“, при што неговиот ослабен изглед шокира многумина. – Очигледно тежи само 40 килограми, беше еден од коментраите на фотографиите.

Снимките ги коментираше и лекарот Стјуарт Фишер, кој смета дека Кимлен е „навистина тешко болен“.

– Се чини дека има отоци на десната страна на вратот. Не изгледа воопшто добро, изјави Фишер.

Актерот наводно веќе едвај зборува, а извворот за „Радар Онлајн“ тврди дека е прашањето дали килмер „ќе го доживее крајот на јануари“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1