Последна прегратка: ФОТО кое го растажи светот – момче се фрли од мост за да спаси друг


Фотографијата која го обиколи светот и разбуди искрени, силни емоции, е направена во моментот кога таткото го пронашол својот син како лежи во грмушките, откако детето било приморано да скокне од мост висок 135 метри. Момчето го преживеало падот, но од здобиените повреди починало 15 дена подоцна во болница.2D7070CB00000578-3274165-image-m-11_1444917025010-735x400

Дванаесетгодишниот Арел Ескаланте Перез од Гватемала е храброто момче кое направи нешто многу човечно и го трогна цел свет. Имено, кога го пресретнала банда и му рекла да бира дали ќе се убие себеси или возачот на автобусот, тој избрал да си го одземе животот!

Никако не можел да се одлучи за возачот на автобусот, бидејќи и неговиот татко се занимавал со таа работа.

Бандата на Ариел му понудила да бира дали сака да биде погубен со мачета или да скокне од мостот. Го избрал второто и верувале или не, преживеал пад од 135 метри. Меѓутоа, помошта стигнала предоцна.

Спасувачките екипи, на чело со неговиот татко, го барале Ариел три дена без престан и на крајот го пронашле. Го префрлиле во болница и 15 дена се обидувале да го вратат во живот, но безуспешно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1