Сашо Мијалков приведен, па пуштен на белградскиот аеродром поради носење пиштол


Поранешниот шеф на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вчера бил приведен на аеродромот Никола Тесла во Белград поради пронајден пиштол во неговиот рачен багаж. Мијалков летал од Скопје за Загреб, а пиштолот бил пронајден во Белград, пишува белградски Курир.

g_saso-mijalkov

„Човекот беше мирен, не правеше проблеми кога му беше пронајдено оружјето. Тој се правдаше дека заборавил да го остави и дека на аеродромот во Скопје не го провериле, што на сите ни беше чудно“, изјавил анонимен извор за Курир.

По еден телефонски разговор Мијалков веднаш бил пуштен од српската полиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1