Сопругата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јованка Броз побарала да и биде исполнета последната желба и да биде погребана покрај Тито.
Таа побарала оваа молба, до оние кои решаваат за тоа, да им ја пренесе нејзиниот биограф, писателот Жарко Јокановиќ, кој секојдневно, заедно со нејзините сестри, Нада и Зора ја посетуваат.
Се очекува за ова прашање да разговараат и членовите на Кабинетот на Ивица Дачиќ.
Лекарите забранија посети во болницата каде таа се лекува, со оглед дека нејзината здравствена состојба е многу влошена.