Последната фотка од моминската вечер на Мина Башаран пред да загине со најдобрите другарки


Турската телевизија NTV соопшти дека во авионската несреќа која се случи вчера во Иран, загинала ќерката на шефот на одборот на директори на инвестицискиот холдинг „Basaran“ Хусеин Башаран, Мина Башаран.

Според извештаите на турските медиуми, во авионот имало 7 други девојки, а загинале вкупно 11 лица.

Девојките заминале во Дубаи да направат моминска забава, подготвувајќи се за свадбата на Мина, која едвај ја чекале. Таа требало да се венча во април.

Приватниот авион со кој патувале, а кој бил сопственост на таткото на Мина, удрил во планината Шар е Кодра и се запалил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1