Последната цигара, плачењето на стреланите: Потресни снимки од воените егзекуции


Снимките од воените погубувања, кои досега биле чувани во архива, бидејќи се сметале за премногу потресни, се објавени од British Pate, британскиот огранок на изворно францускиот Pate News, произведувачи на документарни филмски записи, документарни филмови и филмски журнали, чии снимки од периодот 1910-1970 во меѓувреме во потполност се дигитализирани и достапни преку интернет.

sliki-egzekucii-vojna-07Пред стрелачкиот вод во напуштен каменолом

На една од снимките се гледа како телото на осуденикот, на кого рацете му се врзани, а на очите има црн превез, се грчи и трепери додека куршумите му ги решетаат градите.

Станува збор за еден од неколкуте Германци кои во напуштениот каменолом кај градот Брауншвајг во 1945 година ги погубил американски стрелачки вод, откако биле осудени како шпиони.

Двајцата шпиони построени пред стрелачкиот вод, меѓутоа, биле само припадници на Хитлерјугенд, младичи од 16 и 17 години.

sliki-egzekucii-vojna-04Моменти кои и’ претходат на смртта

Во истиот каменолом кај Брауншвајг, осуден за шпионажа е врзан за столб. Многумина од осудените на оваа снимка немаат врзани очи, веројатно затоа што сами така сакале.

Врзани очи

На оваа слика американски војник се подготвува за погубување на нацистичкиот шпион Ричард Јарчик. Јарчик признал дека ја саботирал опремата и убивал американски војници. Погубен е на спортските терени Флоријан Гајер во Мичиген.

Последна цигара

Овој кадар е дел од филмот снимен во 1959 година на Куба. Осуденикот, чиј злостор не е познат, ја пуши последната цигара додека стрелачкиот вод чека да ја изврши казната.

Повеќе на – Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1