Последниот етнички Македонец на територијата на сегашна Република Македонија ќе умре во 2466-тата година или за 453 години. Ова ќе се случи ако продолжи сегашниот тренд секоја година бројот на Македонците да се намалува и кој сега ги достигна алармантните размери.
„Пресметката е направена врз процентуалните соодноси на населението во земјава забележани на пописот во 2002-та година. Тргнувајќи од податокот на Државниот завод за статистика и со кој на крајот од минатата година во земјава имало 2.062.294 жители, излегува дека од нив 1.323.580 се Македонци, врз основа на застапеноста од 64,18 проценти од пописот пред 11 години. Второто најмногубројно население се Албанци, а кои врз основа на процентот од 25,17 треба да ги има 519.079. Пресметката е правена под условот тогашните проценти да се задржани и сега, што е тешко за верување“, се наведува во Дневник.
Загрижувачки е податокот дека во земјава 50 отсто или 42 општини имаат негативен природен прираст во 2012-тата година – Карпош, Кисела Вода, Берово, Битола, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Ресен и Свети Николе.
Од друга страна, статистиката покажа дека бројот на етничките Албанци секојдневно се зголемува за 13 дневно. Но, статистичарите најавуваат дека и овој тренд во иднина ќе запре.
„За околу две децении може да се очекува изедначување на стапката на наталитетот во земјава. Лани, во земјава имавме прираст на населението од 3.424 лица, а за половина од оваа бројка се заслужни четири општини: Сарај, Чаир, Тетово и Студеничани“, објаснува за Дневник Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.
Целата анализа во – Дневник