Последните денови на Џенис Џоплин на филмско платно


 

Со почетокот на наредната година ќе започне и снимањето на филмот за музичката легенда Џенис Џоплин. Филмот ќе го носи насловот „Џоплин“ и ќе говори за последните месеци од животот на славната пеачка.

Филмот ќе биде исполнет со flash-backs низ нејзиниот живот, па така ќе биде и доловен поголемиот дел од кариерата на пеачката.

Во главната улога ќе се најде Нина Ариада. Тоа ќе биде нејзино филмско деби. Сепак Нина Арианда не е анонимус.

Љубителите на Бродвејските претстави сигурно добро ја знаат, бидејќи Нина е добитничка на „Tony“ наградата која се доделува за најдобра актерка во една претстава.

Арианда ја доби наградата за својата улога во претставата Venus in Fur, која ја воодушеви Бродвејската публика годинава. Нина Арианда во филмот ќе ги пее сите песни на Џоплин.

Режисер на филмот е Шон Даркин, а как опродуцент се јавува Питер Њуман. Дејството ќе биде засновано на сеќавањата на членовите на бендот на пеачката, “Big Brother and the Holding Company”, од колекцијата писма „Love, Janis“ кои ги поседува сестра и, како и од книгата на Дејвид Далтон „Piece of my Heart“.

Далтон бил новинар во “Roling stoun” магазинот во текот на 1970-та и патувал со Џоплин последните 6 месеци од нејзиниот живот, кога и умрела од преголема доза на хероин,

Tags: , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1