Видео: Фејсбук одмазда на лут татко – Ти го убив лап-топот, ај да те видам постирај


Уникатна одмазда на лутиот татко. Откако ќерката Хана претерала со своите фејсбук авантури, таткото Томи Џордан пронајде навистина оргинален начин да ја казни непослушната 15-годишна ќерка.

Имено, Хана ги блокирала своите родители на фејсбук, а потоа „постирала“ навредливи статуси за родителите. Својот бес и лутина поради зададените домашни обврски ги споделувала со сите освен со тато и мама, а притоа индирекно побарала и плата за работата по дома.

Сепак, тато Томи работи во ИТ индустријата и пронашол начин да го дознае „забранетото“ од страната на Хана. А потоа своето искуство го преточил во креативност. Ја вклучил камерата, ја снимил неговата порака, го земал лаптопот на ќеркичката, а веднаш и својот пиштол со 9 куршуми. Еден од куршумите бил од неговата сопруга, а останатите 8 од него. Шаржерот го испразнил „убивајќи“ го лап-топот. Снимката од „убиството“ го постирал на профилот на Хана, за да биде видена токму од нејзините пријатели.

Томи Џордан додал и дека Хана ќе може да си постира повторно од новиот лап-топ, но откако ќе си го заработи самата и откако ќе му ги врати 130-те долари потрошени за новиот софтвер кој веќе го купил.

Снимката која е хит во Америка на  youtube достигна гледаност од 33 милиони посетители. Е сега деца, размислете што ќе постирате на вашиот „фејс“.

Share Button

Tags: , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1