Последните денови од животот на Оливер Драгојевиќ: Сопругата Весна си ја отвори душата


Сопругата на легендарниот Оливер Драгојевиќ, Весна, во трогателна исповед проговори за неговите последни денови.

Смртта на Оливер ги натажи сите негови фанови од регионот, но најмногу семејството, кое заедно со него цела година се бореа со туморот на белите дробови.

Неговата сопруга Весна, по еден месец од трагедијата раскажува за најтешките моменти пред смртта.

-Никој никогаш, нешто не рекол, па потоа да почине. Човек се гаси. Ете така е. По цели денови бевме со него во болница. Му правев ручек и му давав да јаде. Тоа е се што можев да направам. Му пуштавме песни кои сакаше да ги слуша. Се однесувавме како ништо да нема да се случи. Беше понекогаш малку подобро, па малку полошо. Не му зборувавме – сега е готово. За што да се зборува? Ние сме сложно семејство, нема кавги меѓу нас. Не остави без никакви долгови и скандали, се ни е во ред. Беше мирен. Знае дека ние сме добро, раскажа Весна Драгојевиќ за хрватскиот „24 часа“.

„Не знам што да ви кажам. Ние сме добро. Заевме што можеме да очекуваме, но за тоа човек не може да биде спремен. Никој никогаш не кажал ништо, па потоа да почине. Не постои простување и збогување“, кажала Весна.

Во среда се завршува еден месец од смртта на Оливер Драгојевиќ, кој поради болест ги откажа сите концерти и се повлече од јавноста.

„Последните три четири денови не зборуваше ништо, само спиеше. Беше оптимист до крај. По цели денови бевме со него во болница. Му готвев јадења и му помагав да јаде. Се однесувавме како ништо да не се случува. Беше мирен. Тој знае дека ние сме добро“, истакнала Весна.

Оливер ја загуби битката по една година борба со тумор на белите дробови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1