Последните зборови на Ангел: „Тато, овој ме прободе со нож“


Почна судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски.

„Тато овој ме прободе со нож“. Ова се последните зборови што ги слушнал Сашо Петковски од својот син Ангел на кобниот 17 мај кога потерата по украдениот велосипед заврши трагично, пренесе Канал 5.angel1

Тој на денешното прво рочиште раскажа дека Насер иако ги видел со син му го украл велосипедот и со него избегал. А тие револтирани бидејќи ова било четврти пат од нивниот фамилијарен двор да се краде велосипед кои полицијата претходно не ги наоѓала, го запалиле возилото тргнале да го бараат.

На прашањата на обвинителот одговори дека со себе не зеле никакво оружје туку со голи раце се упатиле кон железниот мост на Вардар од каде како што рече обично бегале крадците на велосипеди и мотори и во многу други случаи.Откако Насер го прободел Ангел  повторно замавнувал со ножот, по што неговиот татко како што раскажа во судница, зел стап со кој го удрил по слепоочница, пренесе Канал 5.

Насер паднал по насипот и избегал, а Сашо со својот син тргнале до најблиската очна болница за помош.

– Тука заврши неговиот живот, пред очи ми се тие слики – и денеска сведочеше таткото Сашо Петковски.

Неговата мајка низ солзи рече дека кога бил убиен нејзиниот син била на работа. Се сеќава само дека од пријателка добила повик дека нејзиниот син е прободен и веднаш истрчала.

Обвинетиот Насер Ештрефи на почетокот на судењето во воведното обраќање кажа дека се чувствува виновен само за кражбата, но не и за убиството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1