Загинале 35 од 58 патници и членови на екипажот, преживеале 15, а по 8 уште се трага. Бројот на жртви не е поголем, само затоа што пилотот успеал да ја избегне зградата и да го насочи авионот кон реката.
Телото на тајванскиот пилот на урнатиот авион на авиокомпанијата “TransAsia Airlines”, било пронајдено во кокпитот на леталото, со двете раце цврсто ставени околу командниот столб.
“Тој се борел да го задржи управувачот до последниот момент, пред да падне авионот во реката, во обид да го контролира правецот и да ги намали загубите”, било наведено во извештајот на истрагата.
41-годишниот пилот Лиа Чјен-Чунг, кој во Тајван го слават како херој, успеал да избегне авионот да удри во некоја станбена зграда, и бројот на жртви да биде поголем.
Авионот во средата кратко по полетувањето од аеродромот во Тајпеј, удрил со десното крило во мост и паднал во плитката река Килунг, а најмалку 35 лица загинале, вклучувајќи го и пилотот.
На приложеното видео може да се слушне последниот разговор меѓу пилотот и контролната кула.