Последните зборови на пилотот на авионот кој се урна во река – до крај се обидувал (Видео)


Загинале 35 од 58 патници и членови на екипажот, преживеале 15, а по 8 уште се трага. Бројот на жртви не е поголем, само затоа што пилотот успеал да ја избегне зградата и да го насочи авионот кон реката.

Телото на тајванскиот пилот на урнатиот авион на авиокомпанијата “TransAsia Airlines”, било пронајдено во кокпитот на леталото, со двете раце цврсто ставени околу командниот столб.avion-paga1

“Тој се борел да го задржи управувачот до последниот момент, пред да падне авионот во реката, во обид да го контролира правецот и да ги намали загубите”, било наведено во извештајот на истрагата.

41-годишниот пилот Лиа Чјен-Чунг, кој во Тајван го слават како херој, успеал да избегне авионот да удри во некоја станбена зграда, и бројот на жртви да биде поголем.

Авионот во средата кратко по полетувањето од аеродромот во Тајпеј, удрил со десното крило во мост и паднал во плитката река Килунг, а најмалку 35 лица загинале, вклучувајќи го и пилотот.

На приложеното видео може да се слушне последниот разговор меѓу пилотот и контролната кула.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1