Последните зборови на пилотот пред падот на авионот во Русија(видео)


Зошто рускиот авион се заби со огромна брзина, со клунот во земја, зошто летале со толкава брзина, зошто под таков агол?

Прашања на кои одговор даваат црните кутии кои беа пронајдени. На едната се снимени сите технички параметри (висина, брзина, позиција) на авионот, а на другата се симени сите разговори во кабината пред авионот да се урне.

rusija nesrekjaЗагинаа 50 патници меѓу кои и синот на претседателот на Татарстан, 23 годишен кој се венчал со својата љубов пред само 3 месеци, загина цело семејство на познат руски коментатор ( ги загуби сопругата и 11 годишната ќеркичка) загина и висок функционер – разузнувач.

– Времето било одлично, немало технички проблеми – што се случи со боингот 737? Многу  прашања зошто и како се урна овој авион токму на слетувањето.

Според црната кутија – во кабината било мирно пред самото паѓање, се водел сосема нормален технички „РУТИНСКИ“ разговор меѓу пилотот, копилотот и контроланата кула. Пилотот известил дека не можел да слета првиот пат и де ќе прави маневар и втор обид за слетување.

Тука работите отишле во погрешна насока – тука погрешил пилотот, вели истрагата.

Имено последно што пилотот на снимката вели е само – КРУГ по што авионот со вртоглава брзина почнува да паѓа и со носот се забива во земјата.

nesrekja-avionska-rusijaСпоред истрагата пилотот пред вториот обид за слетување го исклучил авоматскиот пилот, и ги ставила моторите на максимална брзина – наместо како што е вообичаено на делумна максимална брзина, тие го спуштиле клунот за 25 степени наместо за 7 степени. Сето ова предизвикало авионот да ја загуби брзината. На висина од 700 метри пилотот се обидел да ја исправи грешката и да ја воспостави потребната брзина, а за тоа да го постигне го спуштил клунот на авионот – тоа е фаталната грешка поради која авионот стрмоглаво почнал да паѓа. Сето ова горе опишано – траело само 45 секунди.

Недоволно време за пилотот на овој лет да ги спаси патниците и себе. Грешките кои ги направил доведоа до катастрофалната авионска несреќа во која животот го загубија 44 патници и 6 членови на екипажот.

Ова е снимката од безбедносните камери на аеродромот – снимен е моментот кога авионот паѓа на земјата – директно со клунот, со огромна брзина се забива во тлото и веднаш експлодира.

Tags:

Катерина Ристовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1