Последното патување на кобниот автобус


Патниците за редовната линија на Дурмо турс се веќе на автобуската станица во Скопје. Најголем дел се работници и студенти кои секој ден патуваат на релацијата Скопје – Гостивар – Скопје. Купувајќи го билетот од 250 денари во еден правец не ни претспоставуваат дека тие ќе бидат дел од последното возење на црвениот автобус со регистрација 864 БТ.

15 минути по 16 часот патниците веќе биле на своите места. Најголем дел од нив туку што завршиле со работните обврски и брзале да се вратат кај своите семејства во Гостивар.

Само неколку стотина метри подолу е првата попатна станица, Народна банка на Македонија, автобусот и од таму собира патници и продолжува десно преку мостот Мајка Тереза, минува покрај МАНУ и се упатува на станицата кај Мавровка каде вообичаено застанува. По ова преку мостот Гоце Делчев се вклучува на Партизанска и следните две станици се прва Соборна и Сити мол. Од тука преку мостот Обединети нации, го поминува кружниот тек кај Ѓорче Петров и излегува на автопат Скопје – Тетово.

Автобусот се движел по рутата по која патува секој ден по девет пати. Низ центарот на Скопје, преку Ѓорче Петров го напуштил главниот град во својата шеста тура вчера. Движејќи се по автопатот Скопје –Тетово, брзал кон Гостивар.

До несреќата дошло кај селото Ласкарци. Од се уште неутврдени причини автобусот во еден момент свртува остро лево, по што удира во левата банкина. Ги пробива двете банкини кои служат како заштита. Автобусот поминал преку лената во која се движат возила во спротивен правец, од Тетово кон Скопје и повторно удрил во банкината која го дели автопатот со стариот пат кој води до Сарај. Потпорниот ѕид дополнително ги усложнил работите. Автобусот практично го прелетал и паднал на регионалниот пат од висина како до втор кат. ТОгаш уште еднаш се превртел и завршил во нивата во близина на својот кров. така заробувајки ги патниците внатре да не можат да излезат.

Воланот на автобусот се блокирал, а некој од патниците се обидувал да му помогне да го задржи правецот, дознава 24 Инфо од местото на несреќата. Таму утрово се врати еден од патниците на автобусот на „Дурмо турс“, откако вчера поминал со полесни повреди.

Според него, најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот и нив не им имало спас.

– Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот. Се се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да не летнам и тоа беше се, раскажа патникот Бејтула Муриу врaботен во министерството за економија.

Први дотрчале жителите на околните куќи, меѓу нив беше и човекот, кој ја извадил патничката кој подоцна почина во болница. И тој беше премногу потресен за да раскаже детално што се случило.

Освен селаните, на настраданите им помагале и патници кои во моментот возеле по автопатот.

На својот пат до таму, пробил три заштитни челични банкини и заштитната ограда. На местото на несреќата сликата беше страшна. Ветробранското стакло можеше да се забележи на 30 метри од местото каде што беше ударот.
На земја без расфрлани личните предмети на патниците и делови од автобусот, а трагите на асфалтот сведочеа за катастрофата која ја зави Македонија во црно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1