Постигнат договор меѓу Белград и Приштина, Косово го добива повикувачкиот број +383


Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникациите со кој Косово ќе добие меѓународен повикувачки број, а Србија ќе го зачува имотот на „Телеком Србија“ на Косово, јави дописникот на „Мета“ од Белград.vucic-pristina

Според договорот, Србија е должна до 3 декември до Меѓународната унија за телекомуникции (ИТУ) да достави писмо со кое дава согласност на Косово да му се додели меѓународен повикувачки број. ИТУ до 15 декември ќе му го додели на Косово повикувачкиот број 383, а сите меѓународни повикувачки броеви кои ги користат фиксните и мобилните провајдери на косови – 381,377,386 ќе бидат исфрлени од употреба.

Како што вечерва соопшти шефот на владината канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, во исто време повиците од Србија кон Косово ќе бидат третирани како домашни меѓуградски повици.

Ѓуриќ рече дека Србија успеала да го зачува имотот на „Телеком“, кој се пренесува на МТС Д.О.О“, ќерка компанија на „Телеком“ на Косово. Официјална Приштина се обврзува на компанијата да и издаде привремена дозвола за работа во согласност со законите на Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1