Трамп и Путин разговараа телефонски за надминување на „сложениот период“ од односите меѓу Русија и САД


Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти во понеделникот вечерта, службата за односи со јавноста на Кремљ.putin3333

Во соопштението до медиумите, се истакнува дека Путин му ја честитал на Трамп победата на американските претседателски избори на 8-ми ноември.

Рускиот челник, исто така, ја истакнал подготвеноста на Москва за „партнерски дијалог“ со новата американска администрација „по принципот на рамноправноста, заемното почитување и немешањето на внатрешните работи“ на другата страна.

Соговорниците биле согласни дека во моментот руско-американската соработка минува низ тежок период и се изјасниле во полза на активната работа на нејзината нормализација, се додава во соопштението од кабинетот на рускиот претседател.

Особено, Путин и Трамп ја истакнале важноста од развивањето на трговско-економските односи.

Било разговарано и за ситуацијата во Сирија, при што размениле мислења за неопходноста од заедничките напори во борбата со меѓународниот тероризам.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1