Самата влада на САД досега во секоја година прелистува околу 500 милиони документирани страници. А како да знаеме што точно се случува на нашата планета, кога толку многу информации се скриени од јавноста? „Според нашите најдобри проценки, квалификувани се повеќе од половина од сите американски државни записи.
Тоа значи дека најголемиот дек од нашата историја се чува во строга тајност“, изјавил Ричард Долан американски автор на две книги, во кои пишува за НЛО и националната безбедноста во САД. САД има историја на владини агенции кои постојат во тајност. Националната агенција за безбедност „НСА“ е основана 1952 година, а нејзиното постоење се затскривало се до средината на 1960-те години. Уште потаинствена е националната извидувачка канцеларија која е основана во 1960 година, но останала целосно во тајност 30 години. Нешто повеќе за тоа можевме да дознаеме од Едвард Сноуден поранешен известувач кој сакаше да расветсли неколку светски тајни.
Ова е свет полн со „Специјални Пристапни програми“ (SAP) кои приложуваат трилиони долари секоја година за објавување на работи, кој јавноста не ги знае. Овие програми не се познати на јавноста, но тие навистина постојат и се нарекуваат „Длабоки црни програми“. Сенатот во извештајот во 1997 година ги опишал овие информации како толку чувствителни, што биле ослободени од обврската да дадат какви било извештаи на Конгресот. Еден аспект од оваа програма се развојот на длабоки подземни воени бази кои одат и до неколку километри под земјата. Веќе знаеме за некои подземни објекти.
Да ги земеме на пример шведскиот поземен воен објект на островот Муско. Тоа е голема поморска база изградена под планина. Само болницата во тој објект има околу 100 кревети. За нејзина изградба се искористени околу 1,5 милиони тони камења, а истиот е држен во строга тајност.
„Воената корист во изградбата на подземните бази е очигледна. Се сеќавам пред многу години при проучувањето на прашањата во контекст на Ладната војна и американските воени стратегии во 1950 години, мотивацијата од стравот од советските ракети, кои би ги погодиле американските градови, воените планери препознале вредност на сигурни објекти под земјата“, изјавил Ричард Долан. 1987 година, заменик директорот за инженеринг и изградба одржал говор на конференцијата под име „Подземни објекти за одбрана“, во кој вели:
„По Втората светска војна, политичките и економските фактори ја променија сликата за подземните градби и предизвикаа повторно интерес кај коорпорациите за инжинеринг, кои би се вклучиле во изградбата на конструкција на некои доста комплексни и интересни воени проекти“.
Постојат документи кои говорат за длабоки подземни командни центри кои се изградени далеку под површината како што било некогаш за време на Втората светска војна. Документите покажуваат дека војската размислувала за изградба на огромни подземни шуплини, 4000 метри длабоки под Кинеското езеро уште во 1964 година. Познато е дека САД и Советскиот сојуз создале поддршка за огромна инфраструктура на офанзивни и дефанзивни оружја за време на Ладнава војна.
Оваа инфраструктура вклучува објекти за развој, тестирање, складирање и произведување на оружје. Тоа била база на комуникациски и команден центар. Светскиот најистакнат истражувач на подземните воени бази, доктор Ричард Саудер напишал интересна приказна во својата книга.
„На една јавна трибина, ми пријде еден човек кој бил во униформа на Американска морнарица. Чекавме некое време и кога спомна дека некое време бил на Кинеското езеро, целиот се претворив во уво. Го прашав дали постои подземен објект во Кинеското езеро. Тој рече дека постои и дека е импресивно голем и длабок. Го прашав дали некогаш влегол внатре, а тој ми одговори да, но дека не бил во најдлабокото ниво. Го прашав колку е длабок тунелот, а тој ме погледна и ми одговори тивко дека е речиси еден километар. Тогаш го прашав што всушност подземната база содржи, а тој ми одговори: „Оружје“. Го прашав: „Какво оружје?“, а тој одоговри: „ОРУЖЈЕ ПОМОЌНО И ОД НУКЛЕАРНОТО!“.
Првиот ТОП СИКРЕТ меморандум за длабокиот подземен центар го издал Роберт Мекнамар на 7 ноември 1963 година од канцеларијата на секретарот за одбрана, на состанокот кој е одржан непосредно пред убиството на Кенеди. Во тој допис Мекнамар ја разгледува темата на Националниот подземен команден центар. Но само што договориле состанок, се случува трагичното убиство на Кенеди. Другиот меморандум е издаден по повод националниот команден центар кој ќе биде околу 3500 метри под земја во Вашингтон. Во меморандумот пишува за лифт под Стејт департментот и Белата куќа кој се спушта под 3500 метри со голема брзина, хоризонтално до главниот објект. Се поставува прашањето кој тип на технологија бил на располагање за да се заврши ваков објект, затоа што зборуваме за периодот во 1960-те години?
Реалност за длабоките подземни воени бази е навистина фантастична. Постои огромна количина на докази кои го потврдуваат нивното постоење. Воените тајни бази обично се ставени во контекст на теории на заговор. Не така одмана, Министерството за одбрана и официјално ја симна ознаката за тајност на Областа 51. Постојат стотини воени бази и подземни воени бази ширум светот. Тој феномен најдобро е документиран од страна на Доктор Ричард Саудер, во своите дилеми каде продолжува да ја илустрира технолошката база под океаните. Следното прашање е што се случува во подземните воени објекти?
Ние знаеме дека војската работи на капацитетите на одбрана и се претпоставува дека во тајните проекти се вклучени и оние кои се поврзани со НЛО и вонземјани. Британскиот автор и бестселер и истражувач Тимоти Гуд, напишал неколку книги кои се занимаваат со прашањето за можноста на вонземјанска интеракција со Земјата. Заедно со историчарот и истражувач на НЛО Ричард Долан, и двајцата наговестија дека биле запознаени со некои интересни информации во некои од своите книги. Долан зборува за искуството кое го имал со политичарите длабоко во воената база и истакнал дека ЕТ и НЛО се само врв на леден брег кога станува збор за информации кои се скриени од јавноста. Јас имав два лични контакти со канадски воен кадар.
Еден од нив беше од Крајбрежната стража, ветеран и лично ми изјави дека ако сакам да знам нешто за вонземјаните, да дојдам да работам за нив и дека ќе мора лично да ги прашувам. Тоа е нешто што ќе го паметам цел живот. Вториот случај е бизарен. Наидов на еден висок канадски офицер од Воздухолповните сили и имав краток разговор со него. Тој ме донесе до НЛО. Веднаш се сврте и се оддалечи од мене. По еден саат на целосно друга локација, помина покрај мене, а не ме ни погледна ниту препозна. Го следеа двајца мажи во оддела. Кој беше тоа? Не е возможно еден ист човек да биде на две различни локации.Po