Постои растение „Стевиа“ – како го јадете ја намалува зависноста од цигари и алкохол


stevia-plant1

За растението Stevia, со потекло од Јужна Америка, во кратко време слушнале многу потрошувачи. Особено се зборува за нејзината лековитост и позитивното влијание врз многу симптоми како што се замор и запек, висок крвен притисок, прекумерната тежина, гихт и болки во грлото.

Но, она што неодамна откривме, благодарение на клиничките испитувања спроведени во САД, е тоа што растението Stevia и сите нејзини современи форми ја намалуваат зависноста од цигари и алкохол.

“На последните предавања особено зборував за овој конкретен ефект на Stevia-та.

Според американските истражувања, ако пиете до половина литар чај од Stevia на ден, постепено ќе ја намалите зависноста од цигари и алкохол, “-  рече познатиот научник и одгледувачот на Stevia во Хрватска, Бруно Новак од Факултетот за земјоделство.

Растението Stevia, откриено во Парагвај пред повеќе од 1.500 години, беше претежно користена од страна на локалните Индијанци, кои со џвакање на лисјата се освежувале.

Денес Stevia-та доаѓа на пазарот во различни форми, во форма на сушени лисја, во форма на сушени лисја издробени во прав, во течна форма (капки), во пилули погодни за засладување пијалоци итн. Овие производи ги има и низ аптеките или продавниците за здрава храна во Македонија.

stevia

Stevia припаѓа на целосно природните препарати, а благодарение на нејзината различна и повеќекратна примена сѐ повеќе се класифицира во оние производи кои навистина нѝ помагаат во одржувањето на здравјето и подобрувањето на квалитетот на животот.

Листот на растението Стевиа бил употребуван за засладување од страна на индијанските племиња во Парагвај, Боливија и Бразил повеќе стотици години. Познато е и како “сладок лист“, “шеќерен лист“, бидејќи правот добиен со екстракција од листови е околу 200 до 300 пати посладок од обичниот шеќер, додека самите листови на растението се 35 до 45 пати послатки.

Докажано е дека користењето на стевиа помага за:

  • ја регулира гликозата во крвта (нејзини слатки состојки се гликозиди, а не јаглехидрати)
  • намалува мачнини
  • го поттикнува варењето на храната
  • помага во намалувањето на крвниот притисок
  • го забрзува зацелувањето на раните и ги ублажува лузните
  • има позитивен ефект кај остеопорозата

Доколку се претера со конзумација може да се јават несакани ефекти како мачнини, вртоглавица, главоболка, повраќање или слабост во мускулите.

Вообичаена употреба насекаде во светот:

  • Засладување на безалкохолни пијалоци, напитоци, десерти, сосови, јогурт, сладолед, житарки, паста за заби, за плакнење на уста и печива.
  • Секој рецепт во кој се користи шеќер или замена за шеќер.
  • Единствен природен засладувач кој е безбеден за дијабетичари како и сите оние кои внимаваат на својата телесна тежина.
  • Стевиата е успешен борец против зголеменото ниво на Candida Albicans во организмот.
1982: Џим Меј за прв пат дознава за стевиата во Парагвај, и ја инвестира својата животна заштеда за да ја донесе стевиата во САД.
jimmay 1983: Меј ја менува насоката на својата кариера, нарачува повеќе листови стевиа и започнува со продавање на билни чаеви засладени со стевиа од својата гаража.Џим Меј е водечки експерт за Стевиа, и се смета како „татко на Стевиата“ во САД. Неговиот процес на производство вклучува земање само на најквлитетни листови од Стевиа и екстрахирање на природно благиот вкус само со прочистена ладна вода – без хемикалии, растворувачи или адитиви кои го расипуваат и прикриваат одличниот вкус создаден од природата.Во 1982 година, Џим Меј бил во Парагвај, го пробал стевиа листот и го увидел неговиот потенцијал. Г-динот Меј ја инвестирал својата животна заштеда за да го донесе растението стевиа заедно со нејзините придобивки на Американскиот пазар. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, ФДА (Администрација за Храна и Лекови на САД) под притисок од другите конкурентски компании за вештачки засладувачи, го укинала одобрувањето за Стевиа, забранувајќи да се увезува во САД. Со години, Меј бесполезно се борел со ФДА, додека во 1994 година не се случила пресвртница. Конгресот го одобрил Актот за Додатоци во исхрана, Здравје и Едукација (DSHEA), со кој се дефинирани додатоците во исхрана како што се витамини, минерали, аминокиселини, билки, ботанички екстракти и деривати, вклучувајќи ја и Стевиа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1