Потомок на Пушкин на 25 години стана најмлад милијардер во Британија (ФОТО)


Хју Ричард Луис Гросвенор, по ненадејната смрт на неговиот татко во четвртокот ѝ се придружи на листата на милијардери на „Блумберг“, бидејќи неговото наследство го прави најмлад милијардер на листата на 400 најбогати на светот.

Новиот, седми по ред, војвода од Вестминстер од починатиот татко наследил имот вреден 7 милијарди фунти (8,1 милијарди евра) и тоа на возраст од само 25 години. Како што пишува „Скај њуз“, Хју сега го поседува „половина Лондон“.02-najmlad-milijarder-3

Хју главно не бил во фокусот на јавноста, но во медиумите е забележано дека својот 21-ви роденден го прославил со раскошна забава со 800 гости која го чинела околу 5 милиони фунти. Новиот војвода од Вестминистер работи како менаџер во компанија која се занимава со рециклирање на талог на кафе и го претвора во биогориво.

Таткото на Хју, британскиот милијардер и земјопоседник Џералд Кевендиш Гросвенор, близок пријател на кралското семејство познат по својот наслов војводата од Вестминистер, нагло почина во 64-тата година од животот. Војводата, која наследи големи земјишта во среден Лондон и на други места, вредеше 12,2 милијарди долари и беше шестата најбогата личност во Британија според листата на најбогати на „Сандеј тајмс“ во 2016. Гросвенор беше близок пријател на принцот Чарлс.01-najmlad-milijarder-3

Мајката, пак, на новопечениот милијардер Хју, Наталија Гросвенор била блиска пријателка на принцезата Дајана и кума на принцот Вилијам. Таа е позната и по своите руски корени. Имено, таа е далечен потомок на Александар Сергеевич Пушкин. Потомците на познатиот руски поет се ородиле со кралскиот двор преку ќерката на Пушкин – Наталија, која се омажила за германскиот принц Николај Вилхелм, па во таа прилика ја добила титулта грофица од Меренберг.

Ќерката на Наталија Пушкин се омажила за големиот кнез Михаил Романов, внук на царот Николај Први и брат на царот Николај Втори. Нивната постара ќерка се омажила за вујкото на грчкиот принц Филип, сопругот на сегашната британска кралица Елизабета Втора. На тој начин потомците на Пушкин и Романови се ородиле со кралскиот дом Виндзор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1