Потона траект со 290 патници


Најмалки 24 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати кога траект од Танзанија со 290 патници потона во Индискиот океан, во близина на Занзибар. Како што соопштуваат странските агенции меѓу настраданите се и двајца Европјани, а на бродот имало и 30 деца.

До сега во болниците во Занзибар биле примени 24 тела на жртви, меѓу кои и двајцата Европјани, изјавил министерот за сообраќај на Занзибар Хамад Масуд Хамад.

Во тек е спасувачката операција на танзаниската морнарица и полиција, јави британскиот BBC. И покрај лошите временски услови потрагата по преживеани не престанува.

Во соопштението на танзаниската морнарица наведено е дека бродот „МВ Скагит“ се превртил поради силниот ветер.

Во моментот кога траектот потонал имало 290 патници и членовите на екипажот.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1