За разлика од претходната недела, последниот ноемвриски ден ни носи малку повисоки дневни температури и повеќе сонце.
Времето во текот на денот ќе биде претежно сончево со мало зголемување на облачноста, а ведрите утра ќе носат температури под нулата.Температурата ќе се движи од пет до 14 степени.
Во Скопје температурата ќе достигне до 11 степени.
Во текот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Според најавите на УХМР во текот на целата работна седмица ќе имаме постепено зголемување на дневните температури, кои ќе бидат и натпросечни за овој период од годината.
Ако судиме според прогнозите на порталот за временска прогноза accuweather целиот овој месец не очекуваат релативно високи температури, а за следната седмица и рекордно високи за овој период кои би достигнале и до 24-от степен.