Професионалноста на прво место. Менаџерскиот тим на Марија Шарапова во договорот за тренинг партнерот на тенисерката, Дитер Киндлман, ставиле клаузула дека тој не смее да има секс со неа.
„Нема место за љубов и за секс на работното место. Морав да го потпишам тоа што беше наведено во договорот за да можам да ја почнам професионалната соработка со Шарапова. Без размислување потпишав, во целост се сложувам со тоа. Впрочем, никогаш не би се случило ништо меѓу мене и Марија, бидејќи таа е многу среќна со своето момче“, изјави Киндлман.
Шарапова е во врска со тенисерот од Бугарија Григор Димитров а претходно беше во повеќе годишна врска со словенечкиот кошаркар Саша Вујачиќ.