Фејсбук статус на актерот Тони Михајловски по смртта на Васил Шишков…
-Вашиљ, велат дека си заминал од овој свет. Без поздрав бе цимер. Без шанса да ти вратам за добрината што ми ја направи. И знам зошто ми навираат солзите на очи додека го пишувам ова. Како што знаев, кога те гледав како го играш стариот твој во последната претстава, зошто тебе ти навираа и течеа солзите. Ти го земаа на сила, прерано и кукавички, а тебе те гледаа како споменик на нивното предавство. Сега си со него. Со оној кого најмногу го сакаше и кој најмногу те сакал. Со стариот. Поздрави го. Поздрави ги сите наши Вашиљ и почивај во мир бидејќи овде, на овој свет го немаше. Твојот сон да снимиш филм за стариот се надевам дека ќе го отсонува некој што ќе остане. Не знам само зошто додека плачам низ главава ми ечи “Налеј налеј”… Ќе те спомнуваме и паметиме брату, напиша Михајловски.