Првиот губиток Софи го доживеала во 2006 година, кога го изгубила синот Френк, кој починал четири дена после раѓањето. Докторите и` кажале дека се работи за синдром на неочекувана смрт. Таа не ни помислувала дека тоа е последица од пушењето, затоа што во сите бремености, освен во оваа, пушела. Меѓутоа, кога во 2011 родила мртво момче, лекарите почнале со сериозни испитувања.
Тие утврдиле дека плацентата во нејзината матка е оштетена и дека најверојатно причина за тоа е пушењето. Тогаш за прв пат помислила дека тоа што пушела по 25 цигари дневно за време на бременоста, негативно влијаело врз нејзиниот плод.
„Не можете ни да си замислите колку се каам. Мислев дека ппушењето им штети само на луѓето околу вас, не знаев дека му штети на плодот. Страшно е што тоа морав да го дознаам на ваков начин“, вели Софи.
„Неверојатна е болката која ја чувствувате кога целосно неочекувано ќе изгубите две деца. Кога ги средувам нивните гробови, мислам на тоа како требаше да ги средувам нивните соби. Мислам на нив секој ден, но особено е тажно за Божиќ, кога два подароци остануваат неотворени“, раскажува Софи.
Секако, истиот момент престанала да пуши. И на сопствен ризик, останала бремена по шести пат.
„Сите домашни се среќни што не пушам повеќе. Мојот совет за сите бремени жени е да размислите за ризиците кои пушењето ги носи пред да биде предоцна, за да не мора да поминувате низ она кое што го поминав јас.“