„Кога ми јавија дека Наѓа полека се гаси, се стрчав во болница за да ја допрам додека се уште е жива – ова за Блиц.рс го раскажува Драгана Петровиќ, мајка на двегодишната Наѓа, која по три месеци борба почина од морбили во Институтот за мајка и дете.
Драгана за порталот ја раскажа целата своја тага. Како изгледале последните денови од борбата на нејзиното девојче за трепет на окото, за воздух, за живот… Со оглед на тоа дека Наѓа била тежок пациент, на нејзината мајка во Институтот за мајка и дете и дозволиле два пати дневно да доаѓа на интензивна нега. Попладне и во 8 часот навечер.
-Кога дојдов на тој 3. април во Институтот за мајка и дете, пред интензивната нега видов некоја гужва, лекари пред нејзината соба. Знаев дека со Наѓа нешто се случува. Почнав да се тресам. Мислев дека ќе паднам во несвест. И бев во право. Лекарите мене ме чекаа. Покрај нејзиниот кревет бее вклучено ЕКГ, имаше дрен во белите дробови, градниот кош и беше модар. Знаев дека нешто лошо се случило, со треперлив глас се потсетува Драгана.
Неколку часа пред таа посета и запрело срцето. Лекарите 15 минути ја реанимирале. Поради тоа и левото белодробно крило и пукнало. Но некако ја стабилизирале.
-Не можев да и пријдам, да ја бакнам. Насекаде имаше канили и цевки. Машините пиштеа, нивното на кислород во крвта едвај и беше 50 отсто. Срцето ја издаваше, но во длабочината на душата се надевав дека ќе ја надмине и оваа криза. Таа беше мојот мал борец, раскажува Драгана.
Кога вечерта се вратила кај неа, и било малку подобро. Ја галела, а страв ја обземал од помислата дека тоа можеби е последното галење.
– Тој 4. април дојдов во прва посета, а Наѓа беше стабилна. И натаму беше во кома, не реагираше на допири, ниту на болка, но помислив дека можеби ја пребродила кризата. И нивото на кислород и се подобруваше. Отидов дома во исчекување на други посети. Меѓутоа, околу 6 часот ми заѕвони телефонот. Видов дека ме викаат од интензивна. Несмеев да се јавам. Од другата страна беше докторката, која ми соопшти дека состојбата на Наѓа се влошила, вели Драгана.
Срцето и слабееше, а лекарите на Наѓа и даваа големи дози адреналин за да издржи, додека нејзината мајка да дојде и последен пат да ја бакне. Трчав до Институтот како луда. Кога дојдов, ми рекоа дека не морам да се преслекувам за да влезам на интензивна нега. Од вратата видов дека на мониторот има само 20 отчукувања во минута. Само мене ме чекаше. Ја фатив за рака, додека сестрата плачејќи ги исклучуваше апаратите на кои беше приклучена. И потоа настана молк. И мојата Наѓа замина, со тивок глас вели Драгана.
Наѓа почина на 4. април во 18.30 часот. Три дена подоцна е погребана во Крагуевац, а четириеседневниот помен нејзините родители ќе го одржат на 8. мај, на денот кога требаше да наполни 3 години.
Поради се што преживеаја, родителите на Наѓа ќе основаат Фондација за лекување на деца од ретки имунолошки болести и за едукација на лекари за работа на ЕСМО апаратот.
Исто така, ќе се приклучар на тужбата, која група родители од цела Србија ја поднесе во Првиот основен суд во белград поради предизвикување паника против 43 лица кои се противници на вакцинирањето на децата.
Ниту после вака трагичните случаи активистите против вакцинирањето не замолчаа. И натаму зборуваат за штетност на ММР вакцините и за малите сипаници како уште за една детска болест од која не се умриа, иако до сега од последиците на морбили во Србија починаа 15 лица, меѓу кои е и малата Наѓа.
Извор: Блиц.рс