Потресна исповед на самохрана мајка: Ме нарекуваат курва, а јас барав само храна за децата


Атанаска Јотова е самохрана мајка на 3 деца, која не можеше да ги задржи солзите од радост и благодарност и се расплака пред камерите на Бугарската TV7 зборувајќи дека нема пелени и храна, а сега е затрупана со подароци.samohrana-bugarkaa

Таа претходно даде потресна исповед и призна дека има и такви, кои ја нарекуваат “курва“ и ја навредуваат.

-Не сакам пари и друго, освен храна и пелени за малите. Тоа е-толку! Таткото не доаѓа да ги види, иако се враќа во Бугарија кај своето семејство, сподели Атанаска.

Куќата на жената од Скутаре е полна со картони и коверти со дарови, а таа не може да дојде при себе од радост.

-Има многу добри луѓе. Трогната сум од овие работи, благодарам на сите од срце и им посакувам се најдобро да им се случи, рече возбудената мајка.

Не го решија тоа инстуциите во Бугарија, туку репортажата на телевизија.

Курир

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1