Потресна исповед на таткото на Ана Кокиќ: Таа не зборува со мене веќе 17 години, срцето ме боли!


Стеван Кокиќ, таткото на пејачката Ана Кокиќ, во медиумите изјави дека сака да се смири со ќерка си со која не е во контакт веќе 17 години. Во емотивната исповед тој кажа дека сака втора шанса од својата наследничка.Nikola Radjen i Ana Kokic sa decom

-Тешко ми е да зборувам за тоа, тоа за мене е болна тема. Голема е тагата во моето срце што не разговарам со ќерка ми. Ја сакам и патам бидејќи внуките никогаш не сум ги прегрнал и бакнал како нивни дедо. Имам голема рана на душата. Не бегам од одговорноста, платив голема цена поради губењето на семејството, изјави Стеван, кој веќе со години има тезга на пазарот во Белград

-Никогаш не негирав дека бев коцкар. Мојата луда глава знае што правеше. Разбирам зошто Ана беше лута, но не ми даде шанса да се поправам. Денес немаше да патиме ни таа, ни јас. За нив мојата врата е секогаш отворена и го сонувам денот кога ќе чукнат на неа. Најубавите години што требаше да ги минам со нив мене ми минаа. Ана имаше само 14 години кога ја напуштив нејзината мајка. Би сакал ќерка ми да ми ги прости грешките и да ми пружи рака да поразговараме. Моето срце го сака тоа, изјави тој.

Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1