Ожалостените Рин и Ентони од Перт вчера ги погребале своите три деца, жртви од малезискиот авион кој падна во источна Украина.
Имено, целото семејство било на одмор во Амстердам, но родителите решиле да останат таму уште неколку денови, а децата со својот дедо Ник, биле пратени дома. Тие се качиле токму на кобниот лет.
-Сега ги гледам само во мислите, не можам да ги допрам, не можам да ја почувствувам нивната топлина. Мојата љубов и срце засекогаш ќе бидат нивни. Моите раце засекогаш ќе бидат подадени кон нив”, рекла мајката на комеморацијата, пишува Дејли Мејл.
Претходно било пратено соопштение во кое Ентони напишал дека по падот на авионот двајцата живеат во пекол.
Ентони потсетил дека нивните деца имале 12, 10 и 8 години, и дека биле “невини, совршени души”.
На комеморацијата било прикажано и видео кое било снимено неколку дена пред несреќата, а кое дечињата го снимиле за својата тетка.