Потресни сведочења за вчерашната несреќа – децата пискаа, возачот и жената беа под тракторот


Според очевидците, брачниот пар Давитковски биле под тракторот, а децата кои биле во приколката по превртувањето излетале од спротивната страна на патот, притоа паѓајќи на камења и покрај едно дрво.

prevrten-tr-407-Со велосипед на мотор возев зад тракторот, не се слушаше шумот на неговиот мотор и тој се’ повеќе забрзуваше. Одеднаш тракторот се преврте заедно со приколката, децата испопаѓаа на двете страни од неа, пискаа на цел глас, бараа помош. Притрчав да помогнам, но тука веќе беше еден болничар, кој ме предупреди ништо да не преземам на своја рака, бидејќи би можел да предизвикам кај децата дополнителни повреди. Набргу се собра многу народ, а мошне бргу дојдоа и возила за итна медицинска помош, изјавил за Радио Кочани, Ванчо Николов од Оризари.

– Слушнавме пискање, гледаме, тракторот оди во лер, зашто престанал да работи. Викаа, кочи! Пискаа. Додека гледавме се крена прашина од тракторот кога се преврте. Потрчавме. Едно од децата беше крваво., а едно девојче го прегрна син ми и побара телефон да и се јави на мајка си, раскажува очевидец, за Телма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1