Потресно, храбро: Ја роди ќерката на нејзината најдобра другарка болна од рак


Бебето Каролина нема да има можност да ја запознае својата мајка. Меѓутоа, тоа што го направи најдобрата пријателка на нејзината мајка, дефинитивно ја потврдува безграничната љубов која покојната мајка ја имала за својата неродена ќерка, пишува Daily Mail.

obitelj_2112013_fejs-260x166Кога 30-годишна инструкторка по фитнес, Лаура дознала дека има рак на мозокот, таа и нејзиниот сопруг Нет не сакале да се откажат од тоа да имаат свое семејство.

Тие се вериле на крајот на 2010 година, кога Лаура открила дека боледува од рак откако се онесветила во теретана.

Пред да започне со терапии, Лаура ги замрзнала своите јајце клетки и кога одлучиле дека сакаат бебе, нејзината пријателка Кара Стенсон се согласила да биде сурогат мајка.

За жал, Лаура не доживеала да ја држи својата ќерка во раце, починала само четири месеци пред нејзиното раѓање.

malata-karolina

Сепак, нејзиното семејство и пријатели сега ја имаат преслатката Каролина да ги потсетува на Лаура и да и зачува сеќавањата на се тоа што е позитивно поврзано за неа.

Нет рекол дека не може да најде зборови со кои би се заблагодарил на Кари за овој неверојатен подарок кој му го подарила на него и неговото семејство.

Кара вели дека е пресреќна што ја имала можноста да го направи тољ и дека тоа со еден дел го направила од себични причини – за еден дел од нејзината пријателка да го зачува на Земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1