zgrada2[1]– Сметам дека и во годината што следи ќе имаме намалување на цената на становите, не драстично, но минимално, за да се постигне реална пазарна цена. Тоа сепак зависи од побарувачката на пазарот, изјави Цветко Грозданов директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор месечно продава по триесетина  станови во земјава, по реална цена од 700 евра за метар квадратен.

– Нема да дозволиме на приватните правни лица кои на некој начин сакаат да добијат што  е можно поголема заработувачка или маржа да остварат да им дадеме можност  цените да бидат вештачки напумпани или високи. На овој начин цената која нашето друштво ја формира е реална, додава Грозданов.

Канал 5