ПОТРЕСНО ПИСМО ДО МРТВИОТ БРАТ: „Бато…, врати се дома, мама не престана да плаче!„


“Бато, не знам што се случува. Три дена те нема, а во куќата нема да се чуе музика, никој не ја пушта. Мама не престана да плаче”, напиша вчера Андријана на Фејсубк. Пораката е од сестрата на починат брат Стефан Миловановиќ.

Андријана беше на местото на трагедијата во Топола, кога во сообраќајна несреќа во неделата, почина нејзиниот брат Стефан. Вчера, во потресната порака која ја напиша на Фејсбук го повикуваше брата си, а ја напиша само да ја утеши мајка си:703177_hro-stefan-i-andriajna_f-1

“Ова утро ме разбудија нејзините солзи, да знаеш дека најмногу ме боли кога гледам како плаче. Јас сум.., ти ѕвонам, а ти не си достапен, не знам каде да те најдат, треба да ја прегрнеш, како само ти знаеше да ја смириш. Штом ќе го прочиташ ова, врати се дома. ”

Данка Миловановиќ, мајката на Стефан, вчера немаше сила да зборува за трагедијата.
– Живеев само за нив. Сама го одледував. Тие ми се сè, и сега Стефан го нема – вели Данка.
Таа ги повторува последните зборови на Стефан. Луѓе кои се обиделе да го спасат по несреќата чуле: “. О, Мајко, ме боли, спаси ме”

– Жал ми е што ќерката не ми се јави да дојдам со автомобил, можеби син ми ќе го однесов во болница. Тој сигурно ќе беше жив! – раскажува и писка Данка.

Меѓу оние кои се обиделе да му помогнат на Стефан бил и Љубиша Николиќ, на чија ограда паднало момчето откако било исфрленод од возилото “Алфа Ромео”, кое било управувано од неговиот пријател Никола Прокиќ. Тој жали што возилото за итна помош не дошло веднаш. Сепак трагедијата не била избегната. Несреќата ја преживеал неговиот најдобар другар, кој не знае за починатиот Стефан.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1