Во последните неколку недели во Загреб се забележани неколку напади на педофили. Еден од нив бил идентификуван и приведен во полициска станица, но прашањето е колку од нив слободно шетаат и ги демнат своите жртви, пишува порталот Dnevnik.hr.
На адресата на овој портал пристигнало писмо од оваа загрижена мајка од Загреб, која живеела буквално врата до врата со педофил. Таа случајно открила дека нејзиниот сосед е педофил. Ви го пренесуваме писмото во целост:
„Да се живее врата до врата со личност која е фатена во непристојни сексуални активности кон малолетници во јавност, не е лесно. Знаете кој е тој и што е неговиот проблем, а ако притоа имате девојче на кое мора да внимавате, внимавате десет пати повеќе отколку што тоа би го правеле доколку би немале сознанија за проблемот на соседот.
А за тој проблем дознав сосема случајно, за време на прошетка во парк, кога мојот сосед помина и некои луѓе почнаа да го коментираат неговиот испад во јавност пред неколку години, кога интервенирала и полицијата
Се чини дека соседот некое време поминал во институции, а потоа едноставно го пуштиле да си оди дома. Веројатно до некој следен случај, кога системот повторно малку ќе го казни и веројатно набрзо ќе го пушти пак. А на родителите им останува да не ги тргнуваат децата од својот поглед, затоа што болни луѓе демнат на секој чекор.
Жално е тоа што судбината одредила малку подалеку да живее уште еден педофил за чии активности ретко кој знае. Со игра на судбината, знам кој е и го следам што прави (колку што можам), а за него предупредив и уште неколку други соседи. Секако, за него е известена и полицијата, но со оглед на тоа што не е фатен на дело, ништо не му можат.
Во Загреб во последно време има се` повеќе случаи на педофилија. Не знам дали тоа отсекогаш било така или едноставно мене ме фаќа параноја како што моето дете станува повозрасно, но факт е дека не е баш нормално кога лудаци по улица ги покажуваат половите органи, им купуваат на малолетници секси долна облека и доаѓаат во нивните домови мислејќи дека нивните родители не се таму.
Жално е што постојат такви луѓе, но тоа очигледно е составен дел од животот и тука не можеме ништо да сториме. Сепак, вистинска трагедија е тоа што системот за заштита на граѓаните е толку беден што не може ништ да се направи за нивната заштита. И затоа јас сум едноставно присилена да живеам врата до врата со педофил за кого знам кои праблеми ги има и колку не може да се справи со нив.“
На крајот оваа загрижена мајка писмото го завршила со зборовите: „Родители, внимавајте на своите деца“.