Потресно видео се појави на Јутјуб. Детенце од Јемен кое лежи на болнички кревет откако се здобило со смртоносни повреди од граната, ја остави својата последна порака.
Шестгодишното момченце им вели на докторите “Немојте да ме закопате”, додека солзи му се слеваат по лицето. Малото момче се здобило со повреди на главата и телото, од граната, а сето ова покажува колку е ужасна состојбата со војната во Јемен.
Докторите направиле се што можеле, но по неколку дена, кревкото тело на детенцето не издржало и тоа заминало во смрт.