Измачуван, затворен и тепан за идејата за самостојна Македонија.
Битолчанецот Крсте Велјанов е симбол на тортурата што ја трпел македонскиот народ при намерата да се избори за својата независност, а години подоцна и да биде следен, прислушуван од страна на Властите кои ваквите борци за слобода ги сметале за опасност по безбедноста на земјата.
Неговата сторија ја раскажа неговиот син Зоран Велјанов, кој рече дека приказната и страдањата на татко му не можат да биде раскажани во неколку реченици.
Идеите на ВМРО, вели , се фамилијарно наследство. Уште неговиот пра-пра дедо држел говор за републиканското уредување на крушевската република, а и неговиот дедо бил поборник на истата идеологија. Помеѓу вечната желба на Македонецот за самостојност, татнежот од минатото и историските страдања, започнува еден живот достоен за филмско дело, животот на неговиот татко.