Детали за нападот во Минск – убиената жена била обезглавена


Неофицијалните информации кои ги објавуваат локалните медиуми говорат дека убиената жена во трговскиот центар во Минск, била обезглавена со моторна пила.minsk-napad

Според изјави на очевидци кои ги пренесуваат медиумите, маскиран напаѓач се доближил до жената, за која се верува дека е на возраст од 30 години, која била најблизу до неа и ја обезглавил.

Медиумите пишуваат дека напаѓачот има 18 години, а во нападот во трговскиот центар повредени биле уште неколку лица, меѓу кои и 46 годишна жена.

Портпаролот на локалната болница во изјава за медиумите потврдил дека хоспитализирана е жена која има повреди во градите и рамото нанесени од секира. Во моментов таа се наоѓа под лекарски третман.

Полицискиот портпарол потврдил дека напаѓачот е уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1