рагедијата која денеска се случи на автопатот Скопје-Тетово и траорната слика која ги дочека првите граѓаните кои пристигнаа на местото ќе ја паметат засекогаш.
ТВ21 пренесува сведоштва на граѓаните кои први пристигнале на местото.
– „Автобусот беше превртен, лелек и плач се слушаше од сите страни. Со голи раце го кренавме автобусот и сакавме да го превртиме за да почнеме да им помагаме на повредените. Оваа слика која денеска ја видов нема никогаш да ја заборавам“, вели сведок.