И овој викенд важи забраната за автомобили на Водно, како мерка за загадениот воздух.
Граѓаните ќе имаат можност со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, кои за време на викендите и државните празници се бесплатни.
Град Скопје почнувајќи од 25 ноември годинава воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која важи секој викенд и за време на државните празници. Оваа забрана важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
Доколку не ја почитувате оваа одредба, казните се 45 евра.