Потврда на вистинската вера: Еве зошто Благодатниот оган се појавува само на православните


Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина). Интересно е тоа што во оние години кога Велигден сите христијански верници го празнуваат во ист ден, а со самото тоа и припадници на различните христијански вери се во храмот Христово Вскресение благодатниот оган се симнува само на православните патријарси.veligdenski ogan

Старец Клеопа за благодатниот оган

Во 1104 година во времето на цар Исак кога е создадено латинското царство, во кое се наоѓаше и Христовиот гроб се случи чудо.

За време на крстоносните војни кои ги водела Западна, односно католичка Европа, крстоносците успеале да го ослободат Христовиот гроб од муслиманите. Тогаш католиците ќе изјават ние го ослободивме Христовиот гроб од муслиманите и сега е тој наш.

Католиците во тоа време изградиле многу верски објекти околу гробот и манастири во Ерусалим, и сето тоа во Христово име додека Православните биле тргнати настрана. Како што се приближувал Велигден се повеќе луѓе, а најмногу Католици доаѓале да го видат чудото на Благодатниот оган.

Православниот патријарх и сите свештеници биле тргнати од Гробот и биле однесени во манастирот на Св. Сава осветен и таму биле затворени!

„Тука останете и служите вие правосланите нема што да барате на Господовиот гроб“ им рекле тогаш католички власти.

Папата опкружен со кардинали и свештеници започнал да држи миса. За време на миста немало никаков знак дека ќе се појави влагодатниот оган.

Царот кој бил присутен на службата изјавил, „Јас бев и минатата година и тогаш Благодатниот оган слезе на православните. Зошто сега не се појавува и кај вас.

Иако служеле до сабајле од оганот немало никаков знак. Тогаш царот наредил да го донесат православниот паатријарх.

Одете донесете го православниот патријарх, јас сакам да го видам благодатниот оган и вистината, сепак е Велигден и Христос воскресна.

Откако патријархот Јоаким пристигна кај царот тој го запрашал зошто сеуште не се симнал благодетниот оган, а патријархот му одговорил дека тој не знае тоа е „Божја воља“.

На православниот патрјарх му било наредено да служи. Тој ја облекол својата одежда и ја започнал велигденската служба. Само што ја започнал службата Благодатниот оган се симнал и ги запалил кандилата.

„ Дури и да опстане Латинското царство на Господовиот гроб нека остане православното свештенство и православниот народ бидејќи само врз нив слегува благодатниот оган, изјавил тогаш царот.

Затоа кога чуете некој секташ да вели дека не верува во црквата одведете го во Ерусалим да го види чудото на Благодатниот оган кој се појавува на Велигден. Огнот не се појвува кај секташите, ниту кај католиците, ниту кај било кој друг туку само кај православните Амин.

 Историја

Воскресението Христово – Пасха, пред кое се случува слегувањето на Благодатниот оган, е најголемото случување за христијаните, знак на победата на Спасителот над гревот и смртта и почеток на еден нов свет, искупен и осветен од Господ Исус Христос.

Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина).

Благодатниот оган се појавува во храмот од пред две илјади години. Најраните сведоштва за слегувањето на Благодатниот оган во навечерието на Воскресението Христово го наоѓаме кај свети Григориј Ниски, Евсевиј и Силвиј Аквитански (4 век). Кај нив се опишани и поранешните слегувања на Благодатниот оган. Според сведоштвото на апостолите и светите отци, несоздадената Светлина го осветлила Господовиот Гроб набргу пред Воскресението, и тоа го видел апостолот Петар: „Петар виде не само со телесните очи, но и со возвишениот апостолски ум дека Гробот е исполнет со светлина, иако беше ноќ“ читаме кај свети Григориј Ниски. „Петар застана пред Гробот и се ужасна гледајќи светлина во него“, пишува свети Јован Дамаскин.

Евсевиј Памфил раскажува во својата „Црковна историја“ дека кога веќе немало масло во кандилата, патријархот Харкис (3 век) благословил да налеат во нив вода од Силоамската бања. Слезениот оган од небото ги запалил кандилата и тие гореле за време на целата пасхална служба.

Латинскиот монах Бернард (865 г.) пишува во својот патепис: „На Света Сабота, кога е навечерието на Пасха, службата започнува рано и после отслужувањето се пее Господи помилуј до моментот, кога слегува Ангелот и се запалуваат кандилата, кои висат над Гробот“.

Церемонијата

Литанијата (црковната церемонија) на Светиот оган започнува приближно 24 часа пред почетокот на Православната Пасха, која, како што е познато е подвижен празник. Во храмот на Господовиот Гроб се собираат поклоници, кои сакаат со свои очи да го видат слегувањето на Благодатниот оган. Меѓу присутните има многу инославни христијани, муслимани, атеисти. Церемонијата е следена од еврејската полиција. Во самиот храм се собираат до 10 илјади луѓе, целиот плоштад пред него и галериите на околните згради се исполнети со народ.

„Вечерта во храмот веќе сите свеќи и кандила се изгаснати. Во почетокот на 20 век турските власти правеле најсторг претрес во параклисот; некои велат дека дури се претресувале и џебовите на митрополитот што служи…“

Во средината на одајата на Живоносниот Гроб се става кандило, наполнето со масло, но не запалено. По целата одаја се расфрлаат парченца памук. Така приготвена, после проверката на турските заптии, а денес на израелската полиција, Кукувлијата (Параклисот на Господовиот Гроб) се заклучува и се запечатува од градскиот клучар – муслиман.

„И ете изутрината на Велика Сабота, во 9 часот по локално време, почнуваат да се појавуваат првите признаци на Божествената сила: се слушаат првите грмотевици, а надвор е ведро и сончево. Тоа трае околу 3 часа (до 12 часот). Храмот започнува да се озарува со зраци светлина. Малку на едно, малку на друго место започнуваат да блескаат небесни зраци, кои го предвестуваат слегувањето на Небесниот оган“, пишува еден од очевидците.

„Во два и пол удираат камбаните во Патријаршијата и оттаму започнува литијата. Во долга редица влегува во храмот грчкото духовништво, по кое оди Неговото Блаженство Патријархот. Тој е во полно одејание, со митра и панагии. Духовништвото го одминува со бавни чекори „каменот на Миропомазанието“, врви кон подиумот, кој ги спојува Кукувлијата и храмот, и поминувајќи го тесниот простор меѓу двете редици вооружени Турци, едвај задржувајќи се од притисокот на толпата, заминува во големиот олтар на храмот“, раскажува еден поклоник од турско време.

20 до 30 минути после запечатувањето на Кукувлијата во храмот навалуваат млади православни Арапи, чиешто присуство е задолжителен елемент на Пасхалното торжество. Младите Арапи седат качени на рамениците еден на друг. Тие ја молат Божјата Мајка и Господ да им го дадат на православните Благодатниот оган: „Илја дин, илја вил ел Месија“(„Нема друга вера освен православната. Христос е вистинскиот Бог!“), скандираат тие. Европските богомолци, се навикнати на друг начин да ги искажуваат чувствата, навикати се на спокојни богослужби, и често се потресуваат од таквото однесување на локалната арапска младина. Господ сепак ни напомна дека го прима тоа детски наивно и чистосрдечно обраќање кон Него: „Во времето кога Ерусалим бил под британска власт, англискиот губернатор се обидел веднаш да ги забрани тие „дивјачки“ танци. Патријархот се молел два часа во Кукувлијата, но огнот не слегувал. Тогаш Патријархот на своја одговорност заповедал да се пуштат Арапите… И огнот слегол.“

„Одеднаш во храмот над Кукувлијата се појави мало облаче, од кое зароси дожд. Јас бев недалеку до Кукувлијата, затоа и врз мене, грешниот, паднаа неколку капки роса. Помислив дека надвор сигурно врне дожд и дека покривот на храмот протекува, та затоа водата влегува внатре. Но, тука Грците завикаа: „Роса, роса…“ Благодатната роса слезе врз Кукувлијата и го намокри памукот, кој беше ставен врз Господовиот Гроб. Тоа беше втората пројава на Божјата Сила“, пишува еден од поклониците.

Во храмот влегува литијата. На крајот од литијата врви православниот Патријарх придружуван од ерменскиот Патријарх и свештенослужители. Литијата минува покрај сите значајни места во храмот: светата гора, каде што бил предаден Христос, местото каде што бил биен од римските војници, Голгота – каде што бил распнат, каменот на Помазанието, на кое телото Му било приготвено за погребение. Литијата стигнува до Кукувлијата и ја обиколкува три пати.

После тоа православниот Патријарх пред влезот во Кукувлијата ги соблекува одеждите и останува само по подрасник за да се види дека не внесува во пештерата кибрит или што и да е друго што може да запали оган. Во турско време вообичаената „контрола“ се спроведувала од турските јаничари кои го претресувале патријархот пред неговото влегување во Кукувлијата. Со надеж дека ќе ги фатат православните во измама, градската муслиманска власт поставувала насекаде низ храмот турски војници со голи јатагани, спремни да му отсечат глава на секој што ќе го забележат дека внесува или пали оган. Но, никој не бил фатен во тоа, во целата историја на турското владеење.

Потоа Патријархот поминува низ контрола на израелските полицајци.

Малку пред влегувањето на патријархот еден служител внесува во пештерата големо кандило, во кое треба да се запали главниот оган, и 33 свеќи – според бројот на годините на земниот живот на Спасителот. После тоа, православниот и ерменскиот Патријарх (последниот исто така го соблекува горното одејание пред да влезе во пештерата) влегуваат внатре. Однадвор ги запечатуваат со големо парче восок и ставаат црвена лента на вратата; православните свештенослужители ги ставаат врз восокот своите печати. Во тоа време во храмот се гаси светло и настапува напрегната тишина – се чека. Присутните се молат и ги исповедаат своите гревови, молејќи се на Господ да даде Благодатен оган.

Сите, кои се наоѓаат во храмот очекуваат трпеливо Патријархот да излезе со Оган во рацете. Впрочем, мнозина чекаат не само со трпение, но и со страв и трепет: според преданието на Ерусалимската Црква се смета дека денот кога Благодатниот оган нема да слезе, ќе биде последен за луѓето во храмот, а самиот храм ќе биде разрушен. Поради тоа поклониците вообичаено се причестуваат пред доаѓањето на ова свето место.

Молитвата и обредот продолжуваат до моментот кога се извршува чудото, очекувано од сите. Во различни години, мачното чекање траело од пет минути до неколку часа.

Слегувањето на Огнот

Пред слегувањето на Огнот храмот започнува да се озарува со блескави пламени на Благодатна Светлина, тука и таму се појавуваат мали светкавици. При забавен кадар се гледа многу подобро дека тие излегуваат од различни места во храмот – од иконата, која стои над Кукувлијата, од куполата на храмот, од прозорците и други места, и исполнуваат сѐ наоколу со силна светлина. Освен тоа, меѓу столбовите и карпите блеснуваат молњи, кои не ги повредуваат луѓето што стојат во храмот.

Само за миг целиот храм се исполнува со молњи и светкавици, кои струјат по карпите и столбовите надолу и се собираат во подножјето на храмот и се разлеваат по плоштадот меѓу луѓето што се молат. Истовремено се палат свеќите на луѓето во внатрешноста на храмот и на оние однадвор од храмот, кандилата на двете страни од Кукувлијата се запалуваат сами (со исклучок на 13-те католички) како и некои други во самиот храм.

„…Огнот пулсира и дише, а од отворот во куполата на храмот од небото врз Гробот се спушта вертикален широк сноп светлина“. Храмот или одделни негови места се исполнети со светлина, која не се споредува со ништо – тоа е светлината за која се верува дека се јавила за прв пат на самото Воскресение Христово. Во тој момент дверите на Гробот се отвораат и излегува Патријархот, благословувајќи ги собраните и раздавајќи им од Благодатниот оган.

За тоа како се запалува Благодатниот оган раскажуваат самите Патријарси: „Кога вратите зад мене се затворија, внатре владееше потполна темнина. Светлина се провлекуваше само преку две мали странични дупки. Одеднаш врз мермерната плоча на Господовиот Гроб забележав посветла точка. Го отворив молитвеникот и видов дека спокојно можам да читам. Плочата врз Гробот стануваше посветла. Потоа, врз неа почнаа да засветлуваат разнобојни бисерчиња. Тие се соединуваа едно со друго. Од целата плоча струеше светлина. Го допрев памукот по неговата површина и тој беше загреан. Се допрев до него со крајот на свеќа и се запали, мислиш беше барут“.

Јеромонах Мелетиј ги цитира зборовите на архиепископот Мисаил: „Откако влегов во Светиот Гроб Господов, видов врз целата гробна плоча да блешти светлина, подобна на распрснати ситни бисери, обоени во бело, сино, црвено и други бои; тие се слеваа во едно, поцрвенуваа и стануваа пламен… и токму од тој пламен се палат приготвените кандила и свеќи“.

Уште кога Патријархот е во Кукувлијата, служителите земаат од него оган низ специјални отвори и го разнесуваат низ храмот; огнениот круг постепено се распространува низ целиот храм. Иако не сите ги запалуваат свеќите од Патријархот, кај некои тие се палат сами.

Еден од присутните забележува дека свеќите на жената која стои до него се запалуваат три пати сами, и таа два пати се обидувала напразно да ги изгаси.

Првите 3 до 10 минути Благодатниот оган има восхитувачки својства – апсолутно не гори, независно од која свеќа и каде бил запален. Може да се види како луѓето буквално се мијат во овој Оган – си го допираат лицето, го земаат во раце, и тој не нанесува никаква повреда, дури ни косата не ја гори.

„Запалив на едно место 20 свеќи и си ја горев брадата со нив, и ниедно влакно не ми изгори; и ги изгаснав сите свеќи и ги запалив пак од други луѓе, и за трет пат ги запалив – и исто беше…“, пишува еден поклоник од пред четири века.

Капките восок кои паѓаат од свеќите, се нарекуваат од поклониците: „Благодатна роса“. Како спомен за чудото Божјо тие ќе останат на облеките на луѓето засекогаш, никакво перење и прашоци нема да ги измијат.

Луѓето, кои во тоа време се наоѓаат во храмот, се исполнети со неискажливо и со неспоредливо чувство на радост и духовно спокојство. Според зборовите на оние кои биле на плоштадот или во самиот храм во моментот на слегувањето на Огнот, чувствата во тој момент се фантастични – од храмот очевидците излегуваат како повторно родени. Особено интересно е дека рамнодушни не остануваат дури ни оние за кои чудото противречи на нивните убедувања.

Се случуваат и поретки чуда. Кадрите на еден од снимените филмови сведочи за направени исцеленија. Визуелно камерата демонстрира два такви случаеви – кај човек со деформирано распаднато уво, раната намачкана од Огнот заздравува пред нашите очи и увото добива нормален надворешен облик. Покажан е и случај на прогледување на слеп на двете очи после „миењето“ со Огнот.

Понатаму со благодатниот Оган ќе бидат запалени кандилата низ целиот Ерусалим, а со специјални авионски летови Огнот се доставува до Русија, Кипар, Грција и низ целиот свет.

Во блиските области до храмот на Божјиот Гроб свеќите и кандилата во храмовите се запалуваат сами.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1