Потврдено: Нервниот гас Ве-Икс причина за смртта на Ким Џонг-нам


Резултатите од аутопсијата потврдија дека нервниот гас Ве-икс (ВX) предизвикал мошне тешка парализа, која го усмртила полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам на аеродромот во Куала Лумпур, изјави вчера малезискиот министер за здравство, Субраманијам Сатхасивам.Facebook-Kim_2106865b

Резултатите на државната Служба за хемиски анализи ги потврдија наодите на болничката аутопсија дека нервниот гас предизвикал тешка парализа, која ја предизвикала смртта на Ким Џонг-нам во мошне кусо време, рече министерот.

Претходно полицијата соопшти дека Малезија денеска ќе провери дали на еден од терминалите на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, каде минатата недела е убиен Ким Џонг-нам, има токсични материи.

Стручните тимови се составени од форензичар, пожарникар и експерти од агенцијата за атомска енергија.

Ким Џонг-нам е убиен пред неколку дена со забранетото хемиско оружје Ве-Икс, додека се поготувал да се качи на авион за Макао, каде живеел во егзил со семејството под заштита на Пекинг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1