Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехника во простории од затворен тип


Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање.

Според ДКСК која спроведе антикорупциска анализа на неколку закони по трагедијата во Кочани во која загина 61 лице, не е уредена и постапката за добивање одобрение за набавка на експлозивни материи, не е утврден надлежен орган кој ќе одлучува по барањето, ниту се пропишани рокови за постапување, а недостасуваат и јасни услови, критериуми и документација.

„Повеќе од 15 години од донесувањето на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, од 2007 година до април 2025-та, не е предвидена конкретна забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор што е значајна правна празнина и потенцијален извор на регулаторен и безбедносен ризик. Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејекти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста. Ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност, ограничени услови за санкционирање, различна пракса во спроведување на законските одредби, како и потенцијал за селективна примена и толеранција на прекршување. Задолжителна е навремена интервенција со прецизни забрани особено во случаи каде јавното здравје и безбедноста на граѓаните се директно загрозени, треба да се утврди механизам за редовна ревизија на прекршочните одредби и да се разгледа воведување задолжителна оценка на безбедносен ризик при секое барање за дозвола на јавни собири, настани и активности во затворен простор каде е можна употреба на пиротехника“, истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1